Јанева, Боки и Кичеец чекаат термин и судија за судење, прифатено е обвинението на Русковска

Кривичниот суд го одобри обвинението за Рекет, сега се чека само термин и судија за да почне процесот против екс специјалната обвинителка Катица Јанева, Боки 13-ка и Зоран Милевски Кичеец.

Денеска зад затворени врати судот одлучил позитивно по обвинението на Вилма Русковска поткрепено со доказниот материјал.

На оценувањето не присуствувале ниту адвокатите ни обвинетите ни обвинителката во постапката бидејки оценувањето било на нејавна седница известуваат од Кривичниот суд.

Откако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, соопшти кривичниот суд.

Во исто време додека судиите од кривичен го оценуваа обвиненитео, судии од аплеација требаше да одлучуваат по жалбата за притворот на Јанева.

Но во предметот фалеле списи па поради ова одлуката е одложена.

Побарано е кривичен да ги достави сите документи во предметот за да може да се одлучи дали екс специјалната обвинителка ќе излезе од притворот со гаранција од три станови.

Инаку обвинението за Рекет е поднесено пред еден месец.

Во него се вели дека осомничениот бизнисмен Орце Камчев му платил милион и пол евра на Бојан Јовановски за да преку Јанева излезе од притвор во кој беше како осомничен во предметот на СЈО Империја.

Во тоа посредувал и Зоран Милевски Кичеец, а видео материјали од тајни снимки и разговори се веќе објавени.

Паралелно обвинителството води истрага и за рекет преку меѓународниот сојуз на Боки 13 во која истрага се осомничени пратеничката Фросина Ременски, претседателката на невладината Јасна Мандиќ и таткото на боки 13, Миле Јовановски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ