Јанчев: ВМРО ДПМНЕ не го бојкотира референдумот, ниту тивко, ниту реално

Митко Јанчев, еден од потпретседателите на партијата и член на Извршниот, вечерва беше гостин во Топ Тема на ваша страна.

Тој вчера се спротивстави на одлуката на партијата да се остават членовите и симпатизерите сами да одлучат дали ќе гласаат на референдумот на 30ти септември. Според него партијата треба да има прецизен став за ова прашање.

Јанчев потврди дека вчера не присуствал на извршниот комитет, и дека гласал телефонски.

„Јас лично имав став да се повика членството да гласа против договорот за името, но не и против членството во ЕУ и НАТО“.

Јанчев смета дека нема разлика помеѓу одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ и неговиот став, односно за повикот до граѓаните да гласаат по сопствено убедување.

„Не сум дел од тивок бојкот, мислам дека членовите на ИК и претседателот на партијата немаат и не треба да имаат такви размислувања. ВМРО ДПМНЕ размислува како побрзо да се врати на власт“.

„15 години наназад, ВМРО ДПМНЕ се залагаше за референдум. Референдумот не се бојкотира, ниту тивко, ниту реално“. Членството на ВМРО ДПМНЕ не може да биде за овој договор, тој е работа на Заев, ние треба да сме против договорот, но што се однесува до ЕУ и НАТО, ние сме проевропски ориентирана пратија“.

Според Јанчев, тој нема проблем со надворешната употреба на името Северна Македонија, но се противи на внатрешната употреба.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ