Јагуриновски и Маџовски дебитираат во репрезентацијата

Познат е составот на македонската ракометна репрезентација која вечерва во Рејкјавик ќе се соочи со селекцијата на Исланд. Дуелот почнува во 21 часот и 45 минути и ќе можете да го следите низ директен пренос на нашата програма.

Селекторот Данило Брестовац на вечерашниот дуел ќе им даде шанса на дебитантите Томислав Јагурниновски и Бојан Маџовски, а добра вест е што Дејан Манасков ќе може да настапи и покрај ударот во главата што го доби за време на настапот за својот клуб Веспрем во финалето на Купот на Унгарија.

Мечот ќе го судат Французите, Карим и Рауф Гасми, а делегат на ЕХФ е Свеин Олав Оие од Норвешка.

МАКЕДОНИЈА:
1. Никола Митревски
3. Дејан Манасков
5. Стојанче Стоилов
7. Кирил Лазаров
11. Филип Талески
14. Велко Марковски
16. Борко Ристовски
17. Никола Марковски
18. Филип Кузмановски
21. Марио Танкоски
22. Гоце Георгиевски
28. Мартин Поповски
33. Жарко Пешевски
34. Томислав Јагуриновски
43. Милорад Кукоски
66. Бојан Маџовски

ИСЛАНД:
1. Бјоргвин Густафсон
4. Арон Палмарсон
8. Бјарки Елисон
9. Гудјон Сигурдсон
11. Имир Гисласон
12. Арон Едвардсон
13. Олафур Гудмундсон
14. Омар Магнусон
15. Даниел Ингасон
17. Арнор Гунарсон
19. Олафур Густафсон
21. Арнар Арнарсон
22. Сигвалди Гудјонсон
25. Елвар Јонсон
31. Теитур Еинарсон
33. Јанус Смарасон

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ