Изненадување од Минхен: Нико Ковач е новиот тренер на Баерн

Нико Ковач ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона, објави денеска германскиот гигант.

Хрватот ја напушта клупата на Ајнтрахт Франкфурт и во следните три години ќе биде предводник на „баварците“.

Во стручниот штаб на Ковач ќе му се приклучи и неговиот брат Роберт, како помошник тренер. Идниот кормилар на бундеслигашот, кој ќе го наследи Јуп Хејнкес, доаѓа во позната средина, бидејќи од 2001 годи 2003 година го носеше дресот на Баерн Минхен и забележа 34 настапи, а стигна и до една титула во домашното првенство.

Ковач нема преголема тренерска кариера, кој ја започна во академијата на Салцбург, потоа работеше во хрватската репрезентација со младинците и сениорите, а од 2016 година беше на клупата на Ајнтрахт.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ