Изложба „Жената во Македонија низ времето“

Ретка можност за пошироката публика која нема можност да ги посети поголемиот број музеи во главниот град да ги види на едно место артефактите, носиите и инсталациите  за жената во Македонија низ времето. Многубројните археолошки фигурини со претстава на жена заштитничка на домот  ја откриваат и нејзината желба за дотерување.

„Да видиме дека и во праисторијата таа имала големо значење, дека таа многу често се открива во праисториските куќи при археолошките истражувања  и навистина заслужува да биде прикажана во нејзиното светло, дотерана со фризури, брезлетни со ѓердани. Да се види дека и во тој период жената обрнувала големо внимание на себе“.

Македонските народни носии го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 19 век и оставиле траен белег во историјата на облекувањето на македонскиот народ.

„Од нашиот аспект на етнологија и етнокореологија можеме да забележиме пет поставени експонати односно пет комплетни носии кои се од етнолошкиот аспект. Другиот аспект е етнокореолошкиот аспект музичкиот перформанс на ансамблот „Македонија“ каде се забележуваат градските чалгиски музички карактеристики“.

Македонската историја во во својата хронолошка вертикала  го бележи и учеството на жените во борбите за општествени промени.

„Тенденција е да се прикаже историскиот аспект на борбата на македонската жена во различни периоди и како ајдутин, како комита и како партизанка и за нејзините еднакви права“.

Вонмузејската поставка  на артефакти, носии и инсталаци за жената во Македонија низ времето во трговскиот центар Сити Мол за посетителите ќе биде отворена до 14 март.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ