Изложба „За неа“ со дела од колекцијата на Националната галерија на Македонија

Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција.

Во колекцијата се застапени дела на македонските автори: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев… како и помладата генерација: Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и други. Ќе бидат прикажани и дела од автори од бившите југословенски простори: Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ и други, каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.

„Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па се до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците. Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување…“, соопштија од НГМ за изложбата насловена „За неа“  која ќе може се посети до крајот на месецов.

Изложбата ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Сликарот Мице Јанкуловски  доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале  на современа уметност во Фиренца

Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен,  Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил...