Изготвена интернет платформа за предмети за приватизација

Повеќе од 90 илјади предмети се во постапка за приватизација. Со цел процесот да се забрза и да биде ефикасен, Управата за имотно- правни работи, во соработка со Министерството за финансии, изготви интернет платформа преку која граѓаните и фирмите ќе можат да ги следат постапките за приватизација во Управата, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. Според него, од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот, до архивирање, на платформата ќе се следи секоја фаза од постапката.

Потребни податоци за платформата  „ privatizacija.finance.gov.mk“, кои треба да се внесат се : архивскиот број на предметот и кога е поднесен, катастарската парцела и општината, каде е поднесен предметот. Ако не е познати тие информации, се внесува само матичниот број, за физички лица или даночниот број, за правни лица, а софтверот потоа по електронска пошта ја информира странката, дополни Тевдовски.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ