Изгаснат пожарот во Кисела Вода, евакуирани 7 лица, повредени двајца пожарникари

Спасувачка драма се случуваше попладнево во населбата Кисела вода. Пожарникари со посебна опрема евакуираа луѓе од становите коишто се наоѓаат над опожарениот.

Најверојатно заради неисправна инсталација во кујната, пламнал станот на петтиот кат во зградата на улицата „Народни херои“. Вкупно седум лица беа евакуирани од зградата и веднаш третирани од лекарите. Жртви нема, а пожарот веќе е изгаснат.

Пожарникарите навреме реагираа. Со 11 противпожарни возила го гаснеа огнот кој избувна и зафати два стана. Пожртвувано, еден по еден ги вадеа заглавените станари кои не успеале навреме да излезат надвор. Меѓу спасените има и две деца.

Многу жители беа насобрани околу зградата, за да видат како ќе заврши спасувачката акција на пожарникарите, лекарите и полицијата. Меѓу нив и станари на зградата, кои ни кажаа што се случувало околу 2 часот попладнето.

Од пожарна ни кажаа дека тие остануваат до доцна вечерва да исчистат онаму кадешто гореше, а станарите да бидат трпеливи и без да добијат сигнал дека е безбедно – да не влегуваат внатре.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ