Избраниците на Џејмс подобри од тимот што го одбра Кари

Тимот на Леброн Џејмс славеше над тимот што го состави Стеф Кари со 148:145 на 67 издание од „ол стар“ мечот одигран во Лос Анџелес за првпат во новиот формат откако беше променета досегашната традиоционална пресметка помеѓу Исток и Запад.

Иако тимот на Кари по 24 минути имаше водство од 15 поени, а на средина од последниот период и плус 13, сепак, Џејмс со неговите избраници направија серија за пресврт и пред се со добрата одбрана стигнаа до минимален триумф.

Џејмс со 29 поени, 10 скокови и осум асистенции беше најдобар поединец на „ол стар“ мечот и заслужено го доби признанието МВП трет пат во кариерата по 2006 и 2008 година. Во поразениот тим се истакнаа Демар Дерозан и Демиан Лилард, двајцата со по 21 поен. Кари мечот го заврши со 11 ет поени.

Следниот ол стар ќе се одигра идната година на 17 февруари во Шарлот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ