Изборите во ДУИ – можност за незадоволство во партијата?

Преку внатрепартиските избори лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се ослободи од дел од високите функционери на партијата и ќе им даде шанса на нови лица. Овој потег следува по резултатите од претседателските избори со кои се упати јасна порака не само на СДСМ туку и на ДУИ оценуваат аналитичарите.  Досегашните претседатели на ограноците повеќе нема да можат да се кандидираат за челната позиција туку ќе треба да го кординират целиот процес за спроведување на изборите.

Не е исклучена можноста од незадоволство на  одредени структури .

Од ДУИ велат дека ниту еден претседател на огранок не е разрешен туку се објавени внатрепартиски избори  поради фактот што бил истечен нивниот мандат. По изборот ќе се организира Конгресот на партијата.Уверуваат дека се компатибилна партија поради што секогаш имала прилив на нови лица, задржувајќи го основачкиот столб стабилен и непокорен. Реформите во ДУИ следат неполн месец откако Заев ги разреши претседателите на сите општински организации на СДСМ и најавите за владина рекострукција и смена на директори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ