Изборен фолклор, песни, поезија и по некоја шега на митинзите

Една вечер од изминатава недела, звуците на „Странци во ноќта“ одекнаа и во Тетово. Песната ја запеа лидерот на СДСМ, Заев, по асоцијацијата што во него ја разбудија политичките опоненти Мицкоски и Силјаноска.

Македонија не вложува во својата иднина. Затоа има иселување и затоа треба да дувнат ветриштата на промените, реплицираше Мицкоски со музичка честитка.

Втора недела: митинг по митинг, средби со граѓани во непрекината низа. Претседателските кандидати и првите луѓе на партиите што ги поддржуваат немаат време за вирози и настинки, но, како исклучок, собирот за промоција на Силјановска во Крушево, мина без неа. Таа денот го помина во Прилеп, од кадешто понесе гранче јоргован.

Во кампањава, не видовме некој да му подари цвеќе на Пендаровски. Но, видовме како заинтересирано слуша поезија.

Освен за литература, Пендаровски е заинтересиран и за изучување јазици.

Заев веќе го гледа како иден претседател, а се сомнева дека и жителите на Прилеп го дознале тоа.

Мицкоски слушнал поинаква информација.

Поддршка има: малку модерно, малку традиционално.

Кампањата влегува во третата, завршна недела. Анкетите и анализите говорат дека со гласањето наредната недела нема да избереме претседател. Втората сезона од оваа кампања со траење од две недели почнува веднаш по првата.        

Соња Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ