Иванов: Хајка и линч против мене

Анализите за улогата на негови луѓе во крвавиот четврток по сведочењата на обвинетите во судницата, го изнесоа претседателот Иванов на ново обраќање пред јавноста. Сите обвинувања против него, не во судница туку со медиумски толкувања ги отфрла како измислици и лажни вести.

По подолго време на македонска почва и по обраќање, Иванов остана да одговори на новинарски прашања. Раскажа каде бил ноќта на 27-ми април, го повикал генералниот секретар Борис Јосифовски, кој беше спомнат во судница, да го свика кабинетот и да дејствуваат да ја смири состојбата. Првпат слушнал вчера дека Јосифовски бил во партијата ВМРО-ДПМНЕ на 8-миот кат. За својот советник Синиша Алексовски вели дека бил надвор од државата.

Денеска Иванов рече дека неколкупати повторил како УБК била најлошата алка во македонскиот безбедносен систем и постојано продуцирала и безбедносни и политички кризи.

На Иванов му е чудно како повеќе се верува на луѓе кои се обвинети отколку на демантите на институциите како што се АРМ. Нема страв од импичмент од актуелната власт, а вели дека не очекува апсење иако.

За бегството на Никола Груевски не коментираше и вели дека има надлежни кои треба да дадат одговор.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ