Иванов да го потпише указот, во спротивно се соочува со кривична одговорност

Универзитетскиот професор Темелко Ристовски тврди дека Претседателот Иванов не може да одбие туку е е должен да го потпише во разумен рок указот за стапување на сила на законот за употреба на јазиците. Во спротивно ќе се соочи со политичка и кривична одговорност за злуоупотреба на функцијата. Јавниот обвинител по службена должност може да поведе постапка за кривична одговорност на Претседтаелот.

Според Ристовски одбивањето да се потпише указот претставува дејствие на Претседателот со кое спротивно на уставната одредба тој навлегува и презема дел од законодавната надлежност со што се создава состојба на судир на надележности меѓу законодавната и извршната власт.Доколку Иванов одбие да го потпише Законот може да се објави во Службен весник и само со потпис на собранискиот спикер Талат Џафери.

И професорот по уставно право Светомир Шкариќ тврди дека однесувањето на шефот на државата не може да се смета за уставно дозволено.Членот 87 од Уставот е јасен, Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.Маргарита Цаца Николовска апелира Иванов да го потпише указот за да не се доведе во ситуација од него да биде побарана одговорност. Наспроти овие ставови дел од познавачите на правната област сметаат дека без потпис од Иванов законот не може да се објави во Службен весник и да стапи на сила.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ