Истрагата за попис при крај, судбината на СЈО на политичка маса

Во СЈО пристигнало економското финансиско вештачење кое ја утврдило штетата од пропаднатиот попис, велат извори на Телма кои потврдуваат дека  оваа истрага е при крај.

Никола Груевски е недостапен па останува уште да бидат сослушан Али Ахмети и  според нашите извори уште еден член на пописната комисија. Ахмети вчера тврдеше дека го подржува СЈО.

Попис е еден од 20-тината предмети на СЈО отворени по 30 јули 2017.

Според владиниот предлог закон извесно е дека бомбите нема да бидат докази во овие предмети но сега се одлучува и за судбината на овие истраги.

Впрочем, статусот на СЈО но и прекин на новоотворените истраги се главните  точки околу кои власта и опозицијата заглавија.

Откако опозицијата викендов ги доставила забелешките и коментарите за новите измени, од министерството за правда констатираат дека повторно нема напредок, клучните разлики се останати и дека материјалите што ги добиле од преговарачите од спротивниот тим не се во согласност со европските препораки.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат какви забешеки и пишале на власта.

Како причина наведуваат џентлменски договор кој мегу себе го договориле преговарачките групи дека разговорите нема да ги објавуваат во јавноста

Но и двете страни се надеваат дека некој ќе попушти и не се исклучува до крајот на недлеата да има и нова средба меѓу власта и опозицијата.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ