Истрагата за „Меѓународен сојуз“ финишира, се очекува обвинението од тимот на Рускоска

Маратонски распит на Бојан Јовановски – „Боки 13“ во обвинителството за организиран криминал околу финансикото работење на неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и парите, околу еден милион евра кои легнаа на неколку сметки за проектот старечки домови кој никога не беше почнат.

За разлика од истрагата за рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев, Јовановски сега го искористи правото да ја презентира својата одбрана пред обвинителката Вилма Рускоска и да одговори на нејзините прашања.

Со ова истрагата за невладината „Меѓународен сојуз“ завршува и како што најави и Рускоска на почетокот на наредниот месец ќе биде поднесен обвинителен акт.

Инаку денеска во Обвинителството дојдоа и Христина Блажевска, личната асистенка на Јованоски, и неговиот татко Миле Јовановски кој за разлика од него се задржа еден час.

Тој изјави дека не е виновен и детали околу распитот најави дека ќе ги соопшти на прес конференција наредната недела.
Во рамките на истрагата оваа недела на распит беа повикани Јасна Мандиќ, потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“ која изјави дека била доведена во заблуда од Јовановски и потпретседателката на Собранието и почесен претседател на невладината, Фросина Ременски, која пак кажа дека одговорила на сите прашња и дека очекува постапката против неа да биде запрена.

Денеска во граѓанскиот суд Скопје 2, Јовановски требаше да седне на обвинителна клупа во процесот каде е тужен за долг од 10 илјади евра кон болницата „Систина“ за извршена операција во јануари годинава.

На рочиштето сведочеше вештакот кој потврди дека сите медицински услуги биле дадени и му беше наложено дополнително да провери дали имало било каква уплата до Јовановски на сметката на „Систина“.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ