Историја за македонската одбојка: Прва победа на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација дојде до првата историска победа на едно Европско првенство откако вечерва во Љубљана ја совлада Белорусија со 3-1 во рамки на 4.коло во Групата Ц.

Нашите одбојкари го одиграа својот најдобар меч на турнирот и до триуфмот дојдоа со пресврт. Белорусите го освоија првиот сет со 25-23, но потоа се вративме со 25-19, 27-25 и 25-20.

Нашиот капитен Никола Ѓорѓиев одигра неверојатен натпревар и постигна дури 37 поени.

Одбојкарите ги задржаа шансите за прогрес во осминафиналето, но за такво нешто ќе ни треба победа утре против домаќинот на групата, Словенија. На првите три натпревари загубивме од Финска, Турција и Русија.

ГРУПА Ц
1. Русија 12
2. Словенија 9 (-1)
3. Финска 4
4. Турција 3 (-1)
5. Македонија 3
6. Белорусија 2

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ