Историја за македонската одбојка: Прв пласман на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација испиша нова историја, откако се пласираше на европското првенство, што се одржува годинава. Нашите одбојкари обезбедија прв континентален турнир по вечерашната победа во салата „кале“ од 3-0 против Унгарија во рамки на нашата група ф и со тоа се најдовме помеѓу петте најдобро второпласирани репрезентации во квалификациите. Голема услуга денеска ни направија и селекциите на Шведска и Летонија.

Нашиот национален тим го фати последниот воз за континенталниот турнир и  покрај Украина, која заврши како прва во нашата  оди на Европското првенство.

Македонија го доби првиот сет со 25-21, во вториот славевме со 25-20, а во третиот победивме со 25-21.

Ни се погодија и резултатите од останатите групи, поточно голема услуга ни направија и селекциите на Шведска и Летонија.  Швеѓаните го совладаа Азербејџан со максимални 3-0 во рамки на групата Г, додека Летонија со 3-1 славеше против Израел во рамки на групата Б. Овие резултати значеа дека Македонија е помеѓу петте најдобро второпласирани репрезентации во квалификациите.

Европското првенство ќе се одржи годинава од 13 до 29 септември и за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Домаќини на турнирот се четири земји, Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ