Исмаили: Конзервацијата на Аквадуктот да се координира со странски експерти

Министерот за култура Хусни Исмаили на вчерашната владина седница предложил заклучоци и информации во врска со скопскиот Аквадукт, односно побарал да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Спомен куќата на Мајка Тереза, во врска со оштетувањата на Аквадуктот, Исмаили посочи дека таа работа треба да се координира со странски експерти, кои веќе имаат искуство од оваа област, бидејќи како што рече, нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат од „специфичен вид“.

  • Од конзерваторскиот центар имамве разговори, сакавме тоа да го возобновиме што поскоро, но објектот е од специфичен вид, единствен од таква природа и нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат бидејќи немаат искуство, така да таа работа треба да се координира со странските експерти кои треба да ги повикаме и кои веќе имаат искуство од оваа област, рече Исмаили.

Тој посочи дека ќе работат на обезбедување стражарска служба и видео надзор, односно ќе направат се што е во нивна можност да го заштитат Аквадуктот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ