Исланд ја извојува втората победа со убедлив триумф против Русија

Исланд ја обезбеди втората победа во групата Е денеска, убедливо поразувајќи ја Русија со 34:23 и сега се многу блиску до пласманот во втората фаза.

По импресивната победа против Данска во првиот натпревар, Исланд денеска беше од почетокот убедлив против Русија и победата беше обезбедена уште по првите 30 минути, кога оствари предност од 7 голови.

Второто полувреме помина без поголеми проблеми за исланѓаните и на крајот конечната разлика изнесуваше 11 голови.

Со 4 голови и 80% успешност, Виго Кристјансон беше играч на натпреварот.

 

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ