Иран продолжи со вбризгување ураниум во новите центрифуги во комплексот „Фордо“

Иран продолжи денеска да вбризгува ураниумски гас во центрифугите во подземниот нуклеарен објект „Фордо“, преземајќи го најзначајниот чекор од нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година.

„По сите успешни подготовки, започна уфрлање на ураниумски гас во центрифугите кај Фордо. Процесот го набудувале инспекторите на МААЕ“, соопшти иранската агенција за атомска енергија.

Техеран, исто така, соопшти дека спречил посета на официјален претставник од Меѓународната агенција за атомска енергија во својата нуклеарна централа во Натанц минатата недела, што е прв таков случај.

Претходно, 1.044 центрифуги во комплексот „Фордо“ работеа без ураниум за збогатување според договорот  од 2015 година. зш/

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ