Интер потврди дека Икарди глуми повреда

Од таборот на Интер очекуваат Мауро Икарди наскоро да се врати во составот, бидејќи ризикува да биде казнет.

Откако му беше одземена капитенската лента, Аргентинецот не се појави на патувањето за Виена минатата недела за натпреварот против Рапид во рамки на Лигата на Европа.

Голгетерот сега се жали и на повреда на коленото, но клубот денеска на својата официјална интернет страница објави дека по направените медицински тестови не се работи за никаква повреда.

Очигледно е дека Икарди се обидува да одглуми повреда, но тренерот Лучијано Спалети најави дека очекува Икарди наскоро да му се приклучи на тимот и да продолжи професионално да ги одработува своите задачи.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ