Инспекторите се уште ги чекаат документите за Ѓавато

Државниот  инспекторат за животна средина не може да го заврши извештајот за вонредниот инспекциски надзор во хидросистемот Ѓавато, бидејќи министерството за животна средина не ги доставило потребните документи и договори. Пет денови по вонредниот инспекциски надзор во Ѓавато, хидроелектраната Топлец и земјоделските задруги Баџо и Агробогданци, инспекторите не можат да ги утврдат состојбите, иако уште следниот ден и писмено се обратиле до министерството.

Министерството за животна, пак,  досега не одговориле ниту на прашањата на Телма кои документи се побарани и кога ќе ги достават. Во телефонскиот разговор рекоа дека се координираат па ќе одговорат на прашалникот.

Првата констатација на Инспекторатот за животна средина беше дек хидросистемот Ѓавато незкаонски работи и е во крајно запуштена состојба. Тие велат дека откако ќе ги добијат потребните документи ќе ги информираат сите засегнати институции. Пазарниот инспекторат, ујп и јавно обвинителство. Досега обвинителството нема покренато случај за ѓавато по допрен глас.

Во текот на денот не одговорија на нашите прашања дали имаат намера да отворат истрага за случајот.

Во изминатите две недели, колку што Телма го истражува хидросистемот, се потврди дека иако езерото е полно, системот работи со половина од вкупниот капацитет а државата плаќа 60 илјади евра месечно за струја. Половината количина вода ја користат задруги и физички лица за наводнување стотина хектари површина, за што не плаќаат ниту денар, а другата половина е за приватна  хидроелектрана за која државата е обврзана да доставува 200 литри вода во секунда.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ