Инфантино ќе биде реизбран за претседател на ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека сегашниот претседател на организацијата Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат на 5 јуни 2019 година на конгресот во Париз.

Инфантино ја има поддршката од 196 национални федерации од вкупно 211 и на следниот конкрес ќе нема противкандидат иако во јавноста изминатиот период се шпекулираше со неколку имиња.

Конкуренција на Инфантино требаше да биде Рамон Вега, но неговите шанси, дури и да успееше да се регистрира како кандидат беа минимални.

Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година и го замени засрамениот Сеп Блатер во чие време беше откриена најголемата корупција во историјата на фудбалот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ