Индонезија се кандидираше за ЛОИ 2032

Индонезија и официјално поднесе кандидатура за организација на Летните олимписки игри што ќе се одржат во 2032 година.

Претседателот на државата Џоко Видодо уште во август минатата година на средбата со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах за време на Азиските игри најави дека неговата земја би сакала да биде домаќин на најдобрите спортисти на светот, а желбата на првиот човек на државата денеска ја официјализираше заменикот претседател на националниот олимписки комитет Мудај Маданг.

Индонезија е првата земја што официјално се кандидираше за домаќин, а се очекува наскоро во трката да се вклучат Индија, Русија, Австралија како и заедничката кандидатура на Северна и Јужна Кореа.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ