IN MEMORIAM Почина Сергеј Божиќ член на шампионската генерација на ОК Вардар

Вчера во Скопје на 85 годишна возраст почина Сергеј Божиќ,член на шампионската генерација на ОК  Вардар која во сезоната 1975/1976 ја освои титулата во СФРЈ.

 

у

 

Божиќ роден во Добој 1935 ,беше сестран спортист.Покрај одбојка, играл голем ракомет,фудбал а беше одличен атлетичар и шампион на ЈНА во фрлање бомба во далечина.Во 1975/1976,Сергеј Божиќ беше во тимот што ја освои шампионската титула во тогашна СФРЈ покрај легендите Владимир Богоевски,Зоран Докузовски и Трифун Трифуновски како и Васко Кузмановски, Љубчо Зафировски, Борче Георгиевски, Миле Петковски и Илија Мојсов.Вардар заврши на 1.место пред Црвена З, и Партизан.Екипа на Вардар ја водеше Таки Џиков.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ