Илија Пенушлиски: Секој град е мистерија

Секој град доколку му се отворите уште при првата средба е приказна која нема крај. 39 дигитални графики на измислени градови во кои повремено има референци на градови кои сум ги видел, сеќавања и градови за кои само сум прочитал се севкпупна идеја за градот како мистерија, вели Илија Пенушлиски за својата најнова изложба насловена Градот.

  • Ако прошетате по некој дел од градот денес, утре нема да биде истиот дел. Ќе ви се случи вам нешто ново или пак на градот нешто ново па повторно ќе се сретнете, така што градот е и пејзаж. Во градот имате кањони од челик исто како да сте во некоја клисура во Колорадо, објаснува Пенушлиски. 

Самата изложба и техниката во која се создадени делата е моја љубопитност да пливам во води во кои до сега не сум пливал и да ги истражам можностите кои новите технологии ги нудат, вели Пенушлиски.

  • Тој за прв пат работи во дигитална графика. За мене е импресивно што еден возрасен човек одлучува да се зафати со нешто ново што претежно се препишува на помладите генерации и тоа го прави многу успешно, вели Бојан Георгиевски, од галерија АКАНТУС. 

Но кои се градовите на кои повторно би се навратил Пенушлиски.

  • На шега викам дека треба прво да решам за следниот живот каде ќе се родам повторно. Мртва трка трчаат Рим и Њујорк иако се двата различни. Има и други градови кои ги обожувам  и Скопје го сакав едно време порано одамна, вели Пенушлиски. 

Пенушлиски  изложбата му ја посветува на својот пријател, режисерот и амбасадор Љупчо Тозија кој почина лани. Делата на Илија Пенушлиски ќе бидат изложени во галеријата Акантус до 26 јуни.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ