Игор Југ: Никола Груевски е одличен премиер, но најлош партиски лидер

Игор Југ имал патриотско чувство и поттикнат од изјавите во медиумите на политичарите влегол во собранието. Владимир Трајковски тргнал во продавница за риболовна опрема и завршил со противпожарен апарат во рацете во салата, напаѓајки двјаца пратеници од опозицијата. Двјацата обвиенти за насилствата на 27 април дадоа одбрана, и негира дека се дел од организирана група од тајната полција која ја насочувал Александар Василевски – Нинџа. Игор Југ, Василевски го запознал дресирајќи му ги кучињата , но го прескона делот како се нашол во ресторанот Дион.

  • Во 20 часот бев во некоја гужва во Собранието внатре или надвор, не се сеќавам баш најдобро, и имам пропуштен повик од обвинетиот Кољо. Со него потоа се чув, ама видно разочаран ми кажа само дека се подготвуваат некои шатори за мирно протестирање пред Собранието, сведочи Игор Југ.

Југ беше посочен дека носел и оружје, но тој во својата одбрана не спомена ништо, освен дека е разочаран од партиското водство на партијата ВМРО-ДПМНЕ кое ги запоставило старите членови третирајќи ги како „шака гласови“.  Владимир Трајковски викан Лудото го искористи пултот во судницата и 4 часа без здив раскажа цело патешествие до неговиот упад во собранието. Се изивни на пратениците коишто физички ги нападнал. Не бил дел од група со фантомки, но бил повикан во кафеана да му се понуди учество во таква организација ден претходно.

  • Отидов, тројца не знаев, а еден познавав така по видување. Утре може ќе се влага во Собрание. Прашав кого ќе утепуваме внатре, а ми рекоа ти нема да утепуваш, туку треба да пазиш на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Трајко Вељаноски и работата да не излезе од контрола. Ми рекоа дали си со нас или против нас, не се секирај за последиците ќе има луѓе од ДБК што ќе ве штитат“, сведочи Телоп 2  Владимир Трајковски обвинет.

Јане Ченто, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Илија Славевски  и Вилијам Михајловски одлучија да не даваат сопствена одбрана. Паузата од еден час го предомислила и Никола Митревски – Кољо да се откаже од одбрана, а судечкиот совет одбраната на Александар Василевски- Нинџа ја закажа за во четврток. Со него завршуваат одбраните, и после изведување на доказит, судијката Добрила Кацарска им најави на 33-цата обвинети за терористички загрозување на уставниот поредок да ги подговтуваат завршините зборови.

 

Павле Беловски

 

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ