Идната недела прво соочување на Заев и Мицотакис?

Повеќе грчки портали објавија дека наредната недела во Њу Јорк ќе се одржи првата средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев.

Според овие информации, разговорот би се случил на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Од македонската влада ниту ги потврдуваат, ниту ги негираат информациите на грчките медиуми.  Велат дека во моментот не би моижеле да ја кажат официјланата агенда на премиерот Заев, бидејќи подготовките за нејзино финализирање се во тек.

Грчките портали пак пишуваат дека разговорот Заев – Мицотакис ќе биде особено интересен заради силното спротиставување, кое како лидер на опозицијата, Мицотакис го изразуваше во однос на договорот од Преспа.

Наведуваат дека Мицотакис ќе ја отворел и темата за заштита на брендот Македонија.

Покрај средбата со Заев , Мицотакис во Њу Јорк веќе има договорено средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, а се договараат и деталите за средба со албанскиот премиер, Еди Рама.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ