Идентификувани сите починати во несреќата

Најмладите двајца загинат во трагичната сообраќајна несреќа имаат по 19 години, а највозрасниот е 66-годишен маж, дознава Телма од роднинините на починатите.

  • Онур Садику од Гостивар е 19-годишниот студент кој се враќал од Скопје по полагање на испит на Медицинскиот факултет.
  • Ајдин Исмаили исто така19 годишен од Гостивар.
  • Бобан Аврамовски, студент по дизајн на факултетот ФОН.
  • 24-годишен Јовица Трпевски, син на пратеник од СДСМ, Гостивар Благојче Трпевски, кој работел во ИТ секторот во ЕВН. Тој им подлегнал на повредите во болница.
  • 27-годишна жена од с.Дебреште Гостивар, мајка на седуммесечно бебе и 4 – годишно дете, Валдета Хамити (1989).
  • Павле Костовски вработен во Органзиација на потрошувачи.
  • Град Скопје потврди дека еден од починатите е нивни вработен Зоран Давидоски, 38-годишен, кој бил раководител на Сектор сообраќај.
  • Дејан Ристовски роден 1980год. вработен во Народна банка.
  • Трпана Јаневска од Гостивар највозрасна жена жртва во несреќата.
  • Бесим Фетаи од с. Врапчиште.
  • Раметула Абдурахими од с. Дебреште.
  • Есад Емрули од Гостивар,починал доцна синоќа на во ГОБ „8- Септември“.
  • Бејза Узеири с. Бањица
  • Арсе Арсоски, од гостиварското село Железна река

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента, ги пробил сите заштити, летнал на регионалниот пат, а оттаму во полето и се превртел.

Тој упати апел до семејствата на повредените да бидат трпеливи и дека навреме посебно лице од болницата ќе ги известува за нивната здравствена состојба.

Во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ