И потпретседателката на Меѓународниот сојуз примила 233 илајди евра

Пред само само година и половина веста како претседателот на фамозниот Меѓународен сојуз Боки 13 се ракува со бизнисмени и градоначалници ги полнеше насловните страници. Освен јавниот финансиер, битолскиот градежник Силјан Мицески на ГП „Пелистер“,  во позадина Боки 13 влечел пари и од други фирми. Идејата за изградба на модерен европски центар за возрасни лица трет во низата предвидени проекти во скопката населба Карпош, ја поддржала струшката фирма ДРИМ БИЛДИНГ ДООЕЛ, договор до кој дојде Телма Телевизија. Во 2018-та градежната фирма од Струга на потпретседатлката на Сојузот на Боки 13, Јасна Мандиќ и исплатиле 233 илајди евра со авторски договор.

За разлика од другите бизнисмени стружаните го обврзале претседателот на сојзуот Боки 13 и му дале рок од 120 – до 180 денови да ги обезбеди сите документи за отпочнување на проектот. Сојузот требал да обезбеди локација, проект и одобрение за градба. Рокот од три месеци изминал, а партнерите на Боки 13 му побарале 350 илајди евра назад со пресметани казнени пенали.

Боки 13 бил сигурен дека ќе гради комплекси. И во Охрид, и во Битола и во скопје се обидувал да дојде до ексклузивни и скапи локации. Во планот тргнал со потпишување на сорабтоки, со општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, и со Миниситерството за транспор и врски и Горан Сугаервски. Двајцата функционери го ставиле својот потпис на меморандуми и текст во кои стои изградба на проекти.

Општина Карпош негираше дека е оттуѓена локација, и дека е издадена градежна дозвола, а миниситерот за транспорт и врски  Горан Сугаревски вели дека го потпишал меорандумот бидејќи во него пишувало дека сорабтока ќе се одвива спроед законски прописи.

Додека обвинителството собира докази како Боки 13 рекетирал бизнисмен за влијание во предмет на СЈО, битолскиот сосптвеник на ГП „Пелистер“ тврди дека не е рекетиран и верувал во идејата за модерен европски дом за пензионери во Битола и Охрид. Парите ги префрлил на име на пензиоенрката Лилјана Тодоровска затоа што знаел дека е нејзина идеја. Доколку не се реализра проектот ќе бара поврат на парите кои досега ги дал, кажа за Телма, иако во договорот не предвидел клаузула со пенали.

И во договорот со Мицески и со ДРИМ БИЛДИНГ ДООЕЛ, пензионерката Лилјана Тодровска од Скопје е наведена како автор на идејата. За Телма таа ќе каже дека е измамена и ограбена, а префрлените пари на нејзината сметка веднаш и ги зеле луѓе блиски на Боки 13.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ