И по една година истрага се уште непозната причината за уривањето на мостот Моранди во Џенова

Емоционална церемонија се одржа денеска во Џенова со која се одбележа годишнината од уривањето на мостот Моранди во кое загинаа 43 лица а 16 беа повредени. Семејствата на жртвите, локалните жители и политичарите ја одбележаа годишнината од трагедијата која ја потресе цела Италија.

„И благодарам на Џенова и нејзините граѓани а чуствата на роднините на жртвите засенува се. Секое чуство кое овие татковци и мајки го имаат, нивниот оправдан гнев, го сметам за лично мој“, рече заменикот премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Една година подоцна причината за уривањето е се уште непозната но истражителите се сомневаат дека најверојатно станува збор за лошо одржување и грешки во самиот дизајн на мостот.

„Одбележуваме, затоа што некој не си ја завршил работата, не го изведувал одржувањето на мостот, кој ако бил одржуван немаше да се урне, нашата должност како функционери е да се осигуриме дека вакво нешто никогаш нема да се повтори“, порача заменикот премиер и министер за труд Луиџи Ди Мајо.

Дизајниран од архитектот Ренцо Пиано, во форма на брод за да и се оддаде почит на поморската традиција на градот, мостот стоеше само 51 година.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ