И Охрид погоден од силното невреме кое жителите не го паметат

Откорнати дрвја, оштетени автомобили, искршени покриви… Ваква е сликата утрово во населените места на југоочното крајбрежје на Охридското Езеро, по големо невреме проследено со силен ветер и пороен  што го зафати Преспанско-охридскиот регион.

Некаде после 18 часот југоисточниот дел од охридското крајбрежје беше зафатен од силното невреме што беснееше во Преспа. Невремето пропратено со засилен ветер и дожд ги погоди Трпејца, Љубаништа и Св. Наум, како и Поградец во Албанија. Повредени нема, а причинета е материјална штета.

 Силното невреме во Трпејца оштети угостителски објект, над кој опасно е надвиснато дрво. Со ситуацијата се справуваат комуналните служби.

Во бевремеот какво што жителите на Трпејца не паметат, оштетени се и повеќе пловни објекти.

Штети невремето предизвика и во Љубаништа, истоимениот камп и во Св. Наум.

Ветрот го однесе покривот од санитарните јазли во Св. Наум, каде се искршени  повеќе стари дрвја, а штети има и во угостителските објекти. Во струшко пак, удар на гром во трансформаторот кој ја напојува пумпната станица во Шум, предизвика проблеми во водоснабдувањето.Граѓаните во текот на целиот ден пријавуваат штети кои ги проценува надлежните општински комисии.

Горан Момироски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ