Хуманитарен светски пикник на Советот на странски инвеститори и на Стопанската комора

Хуманитарен Светски пикник се одржа денеска во Градскиот парк, каде со своја оригинална и традиционална храна се претставија десет држави, меѓу кои Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија.

Организатори на овој четврти Светски пикник се Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори, а на него со многу музика и забавни содржини, посетителите можеа да вкусат карактеристични рецепти од различни земји, од каде има инвеститори во земјава.

Првиот човек на Советот, Петер, вели дека странските инвестиции се многу битни за државата, бидејќи соработуваат со домашните фирми, отвораат нови работни места, и пренесуваат знаење. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, на Домот за глуви во Битола.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...