Хирургот Горан Балески, нов директор на Општата болница во Охрид

За нов директор на Општата болница во Охрид е назначен хирургот Горан Балески, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој и се заблагодари на досегашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ, која беше разрешена, поради тоа што на Инфективното одделение во болницата не била хоспитализирана 66-годишна пациентка од Струга, која потоа почина од коронавирус.

– Денеска завршува инспекцијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со третманот на пациентката од околината на Струга. Денеска заврши увидот на лице место, но се анализираат документи од матичниот лекар, од болницата, интервјуата со докторите. Нашите сознанија се дека има одредени пропусти во целокупниот процес, но ќе почекаме тоа да се финализира, за да донесеме официјален став после заклучокот на работата на ДСЗИ, додаде Филипче.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ