Хансен МВП на Мундијалот

Првата ѕвезда во данската репрезентација Микел Хансен го освои признанието за најкорисен играч на Светското првенство. Данскиот репрезентативец со 72 погодоци беше и најдобар стрелец на шампионатот. Второто место му припадна на Магнус Јондал кој постигна 59, а трет со 58 е Феран Соле од Шпанија. Нашиот капитен Кире Лазаров првенството го заврши со 48 гола и се најде на шестата позиција.

Во идеалната постава на Мундијалот се најдоа Никлас Ландин (голман), Бјарте Мирхол (кружен напаѓач), Феран Соле (десно крило), Фабијан Виде (десен бек), Расмус Лауге (среден бек), Сандер Сагосен (лев бек) и Магнус Јондал (лево крило).

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ