Хан: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении

Eврокомесарот за проширување во интервју за МИА вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“.

– Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, рече Хан за МИА.

– Идејата е да се создаде нешто повеќе, ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие имаат фунцкија на добавувачи, сѐ заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето, вели Хан.

Тој е уверен дека, доколку Македонија ги исполни поставените услови за почеток на преговори, Македонија може да смета на почеток на истите на средината на 2019. Околу условеноста на датум за преговори, еврокомесарот за проширување цени дека и без таа условеност, Македонија ќе требаше да чека најмалку една година за фактичко започнување на преговорите, бидејќи тие бараат подготвителна работа.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ