Хамилтон уште две години во „Мерцедес“, ќе заработува фантастични 40 милиони фунти на сезона

Британецот Луис Хамилтон нема да го менува тимот туку и натаму ќе остане верен на „Мерцедес“ со кого потпиша договор на нови две години за кои ќе заработува фантастични 40 милиони фунти на сезона, соопштија од таборот на „Сребрената стрела“.

По официјалното известување, актуелниот првак стави крај на сите шпекулации дека ќе ги напушти редовите на „Мерцедес“ пред трката за Големата награда на Германија, истакнувајќи дека му причинува големо задоволство што и натаму по шест сезони ќе остане дел од германското семејство.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ