Хамилтон најбрз на тренинзите во Мелбурн

Викендов стартува новата сезона во Светскиот шампионат во формула 1, а на првите слободни тренинзи во Мелбурн доминираше бранителот на титулата.

Луис Хамилтон беше најбрз на двата слободни тренинзи во пресрет на трката за големата Награда на Австралија. На првиот Британецот за само 38 илјадити дела од секундата беше побрз од Себастијан Фетел додека трет беше вториот возач на Ферари, Шарл Леклерк.

На вториот тренинг повторно минимални разлики меѓу натпреварувачите. Овој пат Хамилтон имаше за 48 илјадити дела подобар резултат од тимскиот колега Валтери Ботас, а третото место му припадна на Макс Ферстапен на Ред Бул.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ