Хамилтон најбрз во Сочи, Ботас втор за „еден-два“ победа на „Мерцедес“

Британецот Луис Хамилтон третпат во кариерата беше најбрз на патеката во Сочи за Големата награда на Русија и по 16 трка направи голем исчекор кон одбраната на титулата во формула еден шампионатот.

Возачот на „Мерцедес“ ја обезбеди осмата победа сезонава или вкупно во кариерата се избори за јубилејната 70 освојувајќи го првото место пред тимскиот колега Финецот Валтери Ботас. По нив следуваа двајцата возачи на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел, кој се искачи на третото место од победничкиот подиум, додека четврти заврши Финецот Кими Раиконен.

Од руското гран при во бодови влегоа, двајцата возачи на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикиардо, потоа Чарлс Леклер од Монако на „Заубер“, Данецот Кевин Магнусон на „Хас“, Французинот Естебан Окон на „Форс Индија“ и неговиот тимски колега Мексиканецот Серхио Перес.

Во Генералниот пласман, Хамилтон ја зголеми предноста на врвот и сега води со 306 бодови, 50 повеќе од Фетел на второто место. Ботас сега е трет со 189 бодови.

Следниот викенд на седми октомври ќе се вози 17 трка на патеката Сузука за Големата награда на Јапонија.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ