Хамилтон на пол пред Раиконен и Фетел за ГН Австралија, Ботас заврши во ѕид

Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на отворањето на новата сезона во формула еден шамионатот традиционално со утрешната трка за Големата награда на Австралија. Британецот седми пат во кариерата постигна најдобро време на патеката „Алберт парк“ во Мелбурн и го надмина рекордот на легендарниот Аиритон Сена.

Актуелниот првак за 73 пол-позиција во кариерата на официјалните квалификации оствари рекорден круг со време една минута, 21 секунда и 164 илјадитинки и беше побрз за 664 илјадитинки од Финецот Кими Раиконен на „Ферари“ со кого ќе го дели првиот стартен ред. За вториот се изборија, Германцот Себастија Фетел на „Ферари“ и Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред бул“.

Домашниот возач Даниел Рикиардо ја освои петата позиција но ќе стартува од осмата поради несоодветното забавување за време на црвеното знаме. Од таа причина напредуваа на петтото и шестото место возачите на „Хас Ферари“, Данецот Кевин Магнусен односно Французинот Роман Грожан, како и на седмото Германецот Нико Хулкенберг на „Рено“. Неговиот тимски колега Шпанецот Карло Саинц беше деветти додека десетти беше Финецот Валтери Ботас на „Мерцедес“ откако имаше тежок инцидент и го уништи својот болид по што квалификациите беа во краток прекин.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ