ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО УНГАРИЈА

Возачот на Мерцедес  ,Луис Хамилтон  најдобро се прилагоди на  променливите временски услови на патеката Хунгароринг и ја освои  првата стартна позиција за 12 трка од СП во Формула 1.Британецот  по петти  пат сезонава е најбрз во квалификациите а за 77  пол во кариерата беше подобар  од клупскиот колега Валтери Ботас за 2,5 десетинки.Следните две позиции ги освоија пилотите на Ферари,Кими Раиконен и Себастијан Фетел.Од третиот ред на Хунагоринг ќе стартуваат Карлос Сајнц Јуниор со Рено и Пјер Гасли во болидот на Торо Росо. Во пресрет на Унгарското Гран При,актуелниот светски првак Луис Хамилтон е лидер во поредот на возачи  со 188 бодови,17 повеќе од Себастијан  Фетел кој не ја заврши трката во Германија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ