Хамилтон доминантен на „Сузука“: Титулата му е на дофат

Актуелниот светски првак во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон е многу близу до одбрана на тронот и освојување на нова вкупно петта шампионска титула, откако утринава славеше на трката за ГН на Јапонија.

Возачот на Мерцедес издоминира на патеката „Сузука“ и дојде до својата 71 победа во кариерата и вкупно деветта оваа сезона.

Неговиот тимски колега Валтери Ботас финишираше на второто место, додека трет беше Макс Ферстпен од Ред Бул.

Најголемиот конкурент на Хамилтон, Себастијан Фетел од Ферари, трката ја заврши на шестото место.

На четири трки до крајот  Британецот сега има 331 бод на врвот во генералниот пласман, додека Фетел има само 264 бодови. Следната трка се вози за Големата награда на САД во Остин на 21 октомври.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ