Гутереш: Светот не би можел да живее со голем конфликт во Заливот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „светот не може да живее со голем конфликт во Заливот“.

Коментарот на Гутереш се однесуваше на ескалацијата на американско-иранската криза откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година.

Генералниот секретар им рече на новинарите дека „апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на ситуацијата“. Иако рече дека „нема особено увид“ во можноста за состанок на Трамп со иранскиот претседател Хасан Рохани на маргините на ГС на ОН во крајот на септември, тој додаде дека секој обид за избегнување судир „секогаш ќе биде добредојден“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ