Ѓукановиќ фаворит на претседателските избори во Црна Гора

Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени избирачките места за претседателските избори во кои учествуваат седум кандидати.

Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.

Тоа се седми претседателски избори од воведување повеќепартиски систем и трети од прогласување независност.

На претседателските избори учествуваат седум кандидати – Марко Милачиќ, Младен Бојачиќ, кандидат на Деморатскиот фронт, Демократите, Социјалитичката народна партија и Граѓанското движење УРА.

Кандидат на Партијата на правдата и помирувањето е Хазбија Калач.

Валисије Миличковиќ е кандиат на Група избирачи Граѓанска акција и Партијата на пензионерите и Добрило Дедеиќ претставник на Српската коалиција.

Драгана Вуксановиќ е кандидатка на СДП, а кандидат на владејачката партија Демократска партија е социјалистот Мило Ѓукановиќ.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ