Груевски на тајна средба со земеник-државен секретар на унгарското МНР во стан на Кинези

Груевски во Будимпешта имал едночасовна средба се сретнал со висок претставник на унгарското МНР, поточно со заменик-државен секретар задолжен за промоција на извозот, Иштван Ѓеу. Средбата ја обелодени унгарскиот веник „444“ чии канцеларии се наоѓаат веднаш до станот каде се сретнале Груевски со унгарскиот дипломат. Телма го контактираше новинарот на „444“ Петер Ердеј кој го сними Груевски како излегува од станот.

„Чекавме околу еден час по кој Груевски со уште едно лице излегоа. Им пријдов им реков дека сум новинар и дека сакам да го прашам нешто, но тие веднаш се вратија во станот и ја затворија вратата. Но мтоаш знаев декаљ со сигурност е Груевски. Чекавме уште 5-10 минути и како што се гледа на видеото тие повторно излегоа и се симнаа по скалите, каде што го чекаше автомобил и замина. При нивното враќањето во станот видовме дека во станот има уште некој, трето лице, кое не излезе со нив кога по вторпат го напуштаа станот. Груевски замина со автомобилот се вративме и го сретнавме на скалите. Му поставивме прашања, но тој не одговараше. Го следевме некое време. По логото кое го имаше на материјалите кој го носеше го најдовме кој е. Заменик-државен секретар во МНР“, раскажува Ердеј за Телма.

Унгарското МНР, како што објави весникот, се огласило за средбата велејќи дека тоа не било ништо необично.

„Нема ништо специјално во тоа што МНР е во контакт со лице кое се наоѓа во Унгарија и кое било премиер во својата земја долго време“, е ставот на унгарското МНР.

Од македонското МНР за Телма информираат дека се уште немаат информација за средбата која се случила меѓу Груевски и унгарскиот дипломат.

Новинарот на „444“ смета дека средбата била тајна, бидејќи во спротивно не би се среќавале во привате. стан.

„Ако МНР сака да се сретне со некого може да го поканат во министерството или на многу други места. Мислам дека сакале да ја држат средбата во тајност, но имаа неверојатно лоша среќа“, смета Ердеј.

Груевски и Ѓеу во петокот се сретнале во стан кој е на листата на станови кои се издават на туристи, но кој година и половина бил празен. Според унгарскиот весник станот е во сопственост на двајца кинески државјани, од кои едниот е клиент програмата на унгарската влада од 2013 до 2017 со која таа им дозволи на 20.000 странци да се населат во земјата, главно од Кина, Русија, Централна Азија, Блискиот Исток, преку купување на државни обврзници во висина од над 200.000 евра.

Според унгарските медиуми програмата ја користеле оф-шор компании и бизнисмени, меѓу кои и поврзани со руските тајни служби, руската мафија, луѓе од режимот на Башар ал-Асад.

Според „444“ е најверојатно станува збор за стан-К, поточно стан во сопственост на безбедносните служби за тајни операции.

„Немаме доказ за тоа, но целата работа, ако го погледнете станот тој има блиндирана врата, нема ознаки на врата. Исто така и неговиот возачот и возилото. Возачот најверојатно беше вооружен. Колата која ја користеше е дел од флота на слични коли, означение со исти налепници, а во кои и претходно е виден Груевски“, вели Ердеј за Телма. 

Возилото во кое влегол Груевски било со германски регистарски таблички.

Лицетот со кое се сретнал Груевски, Ѓеу е заменик-државен секретар од минатата година, но во министерството работи подолго време на одговорни функции, поврзани со води, енергетика, но и прашања блиски до економиите на Балканот.

Во петокот попладне Груевски бил виден и бизнис забава на Будимпешта, на која тој пристигнал со две лица со кои разговарал на англиски.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ