Гркот Загклис нов генерален секретар на ФИБА

Меѓународната кошаркарска федерација денеска соопшти дека Гркот Андреас Загкилис е именуван за нов генерален секретар и тој на функцијата доаѓа на местото на неодамна починатиот Патрик Бауман.

Загклис има 38 години и по професија е правник, а во ФИБА е од 2016 година кога беше именуван за директор на правниот сектор.

Загклис и претходно во текот на кариерата работел во спортот и на Олимписките игри во Атина и Пекинг имал ангажман како дел од арбитражните комисии.

Претходно професионално се занимавал со кошарка, а работел и како судија и во администрацијата на Грчката кошаркарска федерација.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ