Грипот зема замав, повеќе од 50 пациенти се хоспитализирани само на скопските клиники

Грипот најмногу ќе коси во следните две недели прогнозираат докторите, но веќе ги полни болниците. Повеќе од педесетина луѓе се хоспитализирани на скопските клиники. Секојдневно има нови пациенти на Инфективна и на Детската клиника. Во овој момент три деца се во потешка состојба поради компликации од вирусот.

  • Вчерашните податоци се 17 пациенти вкупно на Клиниката, хоспитализирани со симптоми слични на грип. Не се сите пациенти со компликации. Имаше две деца хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации, понекогаш децата имаат миозит, болки во зглобовите, во мускулите, во коските. Едно дете е со докажан енцефалит, соопшти Наташа Алуловска – Директор на Клиника за детски болести

На Клиниката за инфективни болести состојбата е поалармантна и двојно повеќе пациенти се во болнички кревет, под редовни дневни терапии.

„Во текот на вчерашниот ден амбулантски се прегледани 33 пациенти. На Клиниката хоспитализирани се вкупно 38 пациенти со симптоми на грип, соопштија од Инфективна клиника.

Таму двајца пациенти се приклучени на апарати и се во критична состојба поради компликации од вирусот, за разлика од Клиниката за детски болести каде што ниедно дете не е на механичка вентилација. Но, на Детска беше регистриран првиот смртен случај во оваа сезона на грипот, а информацијата ја објавија вчера од Институтот за јавно здравје. Четиринаесетгодишното девојче кое боледувало од церебрална парализа, на Клиниката за детски болести се лекувала од грип во текот на два дена.

Петар Догов

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ