Грчки борбени авиони прелетуваа на македонското небо

Авионите на грчкото воено воздухопловство утринава за прв пат патролираа на македонското небо во рамките на НАТО мисијата „Ер полисинг“. Двата авиони од типот Ф16 извршија два пробни прелети во 7.30 и во 9.30 часот а целта на прелетите беше проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор и подготовка за исполнувањето на условите кои нашата држава мора да ги исполни за влез во НАТО алијансата.

До потпишувањето на техничкиот договор со НАТО нема да има други пробни прелети а трошоците на летот ги сноси државата која ги испраќа авионите.

Програмата „Ер полисинг“ не е нова во регионот бидејќи веќе се применува во Албанија и Црна Гора на чие небо патролираат авионките на грчкото и италијанското воено воздухополовство.

„Аир Полицинг“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили за заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ