Граѓаните во конфликт со Заев за уставните амандмани

Граѓаните кои беа присутни на јавната расправа побараа одговор од премиерот Заев, дали со уставните амандмани се брише националниот идентитет и историјата. Дали е сигурен дека Грција ќе ги исполни своите обврски.

Премиерот Заев е убеден дека со уставните измени ќе се отвори патот на државата кон евроатланските интеграции.

На вториот ден од расправата беше побарано опозицијата да биде конструктивна при гласњето на третата фаза од уставните амандмани. Тестот може да претрпи одредени измени особено кај амандманот кој се однесува на грижата на македонскиот народ во соседните држави. Се предлага да стои зборот дијаспора за да не се чувствуваат занемарено и другите етнички заедници. Професорот Нано Ружин смета дека со договорот од Преспа нашата држава добива достоинствено име.

Третата јавна расправа ќе се одржи утре во МАНУ, а четвртата и петата во понеделник во Штип и Тетово.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ