Граѓаните се разочарани од неправдата, но и апатија за иднината

Фрустрација и безнадежност. Македонските граѓани вака ја опишуваат ситуацијата по последните вести од Брисел. Сметаат дека ова е неправда врз државата, откако се направија крупни и болни пресеци за да го отворат европскиот пат.

За дел од граѓаните идните чекори се избори. Според нив ова е логично со оглед на апатијата која се чувствува поради неповолниот исход од европскиот самит.

И социјалните мрежи се преплавени со измешани реакции. Коментарите се прелеваат од иронични, во стилот „Датум добивме лани, но годинава не“,  преку разочарани граѓани лути на тврдиот став на Франција, па до остри критики дека македонскиот политички врв се избрзал со промената на името и договорот за добрососедство со Бугарија, бидејќи и покрај тешките одлуки, државата извиси за добивање датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ